19.8 C
Skopje
петок, август 12, 2022

Американци создадоа алгоритам кој предвидува криминални дела една недела однапред

Kabtel desktop

Научници по социјални науки од Универзитетот Чикаго создадоа алгоритам кој може да предвиди криминални дела во урбани области дури една недела однапред, пренесува Bloomberg.

Во текот на изминатите неколку години има постојан раст на употребата на алгоритми околу нас. Од предвидување на временските услови, давање препораки за шопинг и пронаоѓање на лекови за болести, алгоритмите ги има насекаде. Не би не изненадило ако во иднина се користат и за борба против криминалот.

Пред Олимписките игри полицијата на Токио сакаше да имплементира вештачка интелигенција базирана на технологија за предвидување на криминални дела пред да се случат. Ако тоа ви звучи како извадено од филм, факт е дека веќе повеќе од една деценија живееме во една таква реалност како извадена од филм.

Според извештај на Bloomberg, полицијата на Чикаго го имплементирала т.н. модел Сrime and Victimization Risk Model уште во 2012 година со помош на некои академски истражувачи. Моделот користи фактори како возраст и историја на апсења за да подготви листа со потенцијални напаѓачи и нивните жртви и дури им давале оценки на луѓето на таа листа.

Концептот е интересен, но вистинската примена во пракса не била лесна. Како што покажале истражувањата, речиси половина од наводните напаѓачи на листата никогаш не биле обвинети за нелегално поседување оружје, додека други имале сериозни престапи и претходно. Извештајот дава детални информации за тоа како алгоритмите за проценка на ризикот одредуваат кој треба да биде испратен во затвор или не.

Затоа, кога истражувачи од Универзитетот Чикаго се обиделе да направат нешто слично, тие биле предупредени да не ги повторуваат грешки од другите. Алфориakes.

Алгоритамот кој го направиле го дели градот на делови и користи историски податоци за насилни и други криминални дела за да ги предвиди идните настани.

Деталите за алгоритмот и за студијата се објавени во весникот Nature Human Behaviour.

(Interesting Engineering)

(фото: Wikimedia)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!