Македонската компанија Про Фит на Ивона Трајановска креира здрава храна и здрави навики: најнов е Hi Life крекерот

- Advertisement -

Здрава и правилна исхрана, богата со протеини и диететски влакна, а без шеќери и различни додатоци е се поважен дел од животот и избор на голем број луѓе во последните години. Брзиот начин на живот и активностите кои траат некогаш и по дваесетина часа во денот наметнуваат раст на свеста дека здравиот начин на живот, но и на исхрана е неопходен за одржување на добро здравје и кондиција.

Трендовите во светот на нутриционизмот не не одминуваат ниту нас, а доказ за тоа се и компанијата „Про Фит“, која не само што продава голем број продукти од светски брендови на здрава храна, туку и иновира свои свежи продукти кои се вкусни, а здрави како протеинскиот бургер леб и крекерите со натурален и со италијански вкус.

- Advertisement -

Ивона Трајановска, сопственичка на „Про Фит“, вели дека со креирањето на иновативниот крекер Hi Life не завршува понудата за нивните клиенти. Најавува соработка со нутриционисти од Клиниката за ендокринологија, со што на своите купувачи ќе им понуди бесплатни консултации во врска со здравата исхрана и совети како да ја прилагодат исхраната на своите потреби и начин на живот.

Сања Наумовска

- Advertisement -

„Про Фит“ е компанија која промовира здрав начин на живот и исхрана. Кажете ни нешто повеќе за Hi Life крекерот, каков продукт понудивте на пазарот?

Крекерот е еден од најпродаваните протеински грицки во нашата продавница. Се работи за навистина вкусен и крцкав продукт кој има одлични хранливи својства и за многу кратко време стана еден од најомилените производи на нашите клиенти. Она што е најважно, освен што е вкусен и здрав оброк, Hi Life крекерот и многу заситува бидејќи е богат со диететски влакна кои помагаат побавно да се обработува храната.

- Advertisement -

Кажете ни нешто повеќе за неговиот развој, како дојдовте од идеја до крајно решение?

Пред да почнеме да го развиваме нашиот крекер увезувавме сличен производ од Франција, но со многу повисока цена. Откако се случија некои непредвидени настани во последните години, дојдовме до заклучок дека крајно време е и најдобро решение за нас е да создадеме свој бренд. Така се роди крекерот HiLife, производ кој го планиравме и ни беше желба уште од самиот старт на нашето работење.

Во истиот тој период се појави и повикот за Стартап Хероите од ФИТР. Се поклопи со нашите активности во кои правевме тестирања на неколку нови протеински производи како бургер леб, тортиља и крекери. Кога го прочитавме повикот сфативме дека се однесува на се тоа што ние работевме досега и се што ни е планирано за наредниот период. Задоволни сме што се пријавивме, остваривме соработка и што Hi Life крекерот стана еден од продуктите на Стартап Хероите кој се промовираше во маркетите.

Што е тоа што крекерот го прави иновативен и различен од сличните продукти кои веќе ги има на пазарот?

Целата идеја беше да креираме протеински крекер кој, покрај тоа што е вкусен и има добри нутритивни вредности, ќе биде доволно голем за на него да може и да се намачка намаз. Во случајов препорачуваме дека идеалната комбинација е со ајвар или грчки јогурт.

Исто така, крекерите се специфични и уникатни бидејќи се со намалени јаглехидрати што ги прави да имаат низок гликемиски индекс. Покрај тоа имаат и одлична цена за ‘функционална храна’ на пазарот и се многу прифатливи и достапни за поголем дел од купувачите, со оглед и на економската ситуација.

Про фит има поголем број на производи, лепчиња, пијалоци, намази, па и слатки. Колку и дали македонските купувачи се заинтересирани да се хранат здраво? Кои производи се најбарани?

Брендот HiLife го креиравме пред повеќе од половина година и засега имаме неколку наши продукти. Тоа се протеински бургер леб, крекери со натурален вкус и крекери со италијански вкус. Исто така имаме и дизајнирани производи како еко-торби и dri-fit маици кои се брендирани.

Морам да признаам дека интересот на купувачите кои сакаат и бараат здрава храна и продукти е многу зголемен во последните години. Нашите клиенти веќе знаат како да читаат декларации и да препознаат маркетинг трикови на амбалажата на производот. И пред и за време на пандемијата на Ковид 19 и се уште се најбарани чоколадните протеински производи, како замена за благо.

Колку е важно во време на брз живот од една страна и пандемија од друга, да ги прифатиме здравиот начин на живот и исхрана?

За тие два сегменти всушност еден и ист е начинот како да се подобрат. Храната богата со протеини дава енергија за сите кои водат брз начин на живот, а исто така е општо познато дека протеинската храна е препорачана кога некој е болен, затоа што нашиот организам може да складира масти и јаглехидрати, но не и протеини. Од таа причина, клучно е да внесуваме протеини, бидејќи на тој начин ги храниме нашите клетки за побрзо да оздрават. 

Какви се вашите планови за во иднина? Што може ново да очекуваме од „Про Фит“?

Наскоро почнуваме соработка со нутриционист од Клиниката за ендокринологија. На купувачите ќе им понудиме бесплатни консултации во врска со здравата исхрана и совети како да ја прилагодат исхраната на своите потреби и начин на живот. Дополнително, константно го истражуваме пазарот и желбите на нашите клиенти и работиме на развој на нови производи кои ќе ја збогатат понудата на нашата компанија. Би сакале следниот од палетата на Hi Life да биде благиот проитеински леб.

Сподели!
- Advertisement -