Нов тест на крвта може да предвиди кој е во опасност од долг Ковид

- Advertisement -

Тест на крвта земен во време на инфекција со КОВИД-19 може да предвиди за кого постои ризик од развој на т.н. долг Ковид, покажаа резултатите од нова, мала студија, која ја преводеа британски научници од Глобалниот универзитет во Лобдон.

Во таа студија, која е објавена во списанието Lancet eBioMedicine, биле анализирани протеини во крвта на здравствени работници заразени со САРС-КоВ-2 и биле споредувани со примероци од здравствени работници кои не биле заразени. Обично нивоата на протеини во телото се стабилни, но истражувачите откриле драматична разлика во нивоата на некои протеини до шест недели после инфекцијата со КОВИд-19, што укажува на пореметување на низа битни биолошки процеси во телото.

- Advertisement -

Користејќи вештачка интелигенција, идентификувале промени во многу различни протеини кои успешно предвидувааѕ дали некој ќе има трајни симптоми од КОВИД-19 и до една година после инфекцијата. Научниците велат дека ако нивните рњезултати се повторат во поголема студија, која вклучува независна група од пациенти, потенцијално може да се направи тест на крвта кој покрај стандардниот PCR би може да ја предвиди веројатноста некој да има долг Ковид.

Ако можеме да ги идентификуваме луѓето кои веројатно ќе развијат долг Ковид, тоа отвора врата за испитување на третмани, како што се антивирусни лекови, во почетната фаза на инфекцијата за да се види дали може да се намали ризикот од долг Ковид, вели д-р Венди Хејвуд, една од коавторките на студијата.

- Advertisement -

(Eurek Alert)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -