8.8 C
Skopje
сабота, декември 3, 2022

ВИДЕО: Илон Маск го претстави хуманоидниот робот Optimus

Kabtel desktop

Милијардерот Илон Маск конечно го претстави долго најавуваниот хуманоиден робот кој го развива неговата компанија Tesla, односно последниот функционален прототип. Орtimus се појави на бината на настанот AI Day, каде што и мавташе на публиката и ги подигаше колената. Маск рече дека роботот се уште се развива, но веројатно ќе биде достапен за продажба за неколку години отсега.

Роботите наменети за масовниот пазар кои ќе ги произведува Tesla ќе се тестираат на различни работни места во фабрики за автомобили, велат инеженерите од компанијата.

Маск додаде дека роботот е наменет за масовно производство и ќе чини помалку од 20.000 долари и ќе се најде на пазарот за 3-5 години.

Инвеститорите и финансиските аналитичари беа скептични за промената на фокусот на Tesla кон роботика и го советуваа Маск да се фокусира на проекти поблиски до главниот бизнис на Tesla, односно електричните автомобили. Но, Маск рече дека сака да реши еден од најголемите проблеми со вештачката интелигенција – како да се направи машина која ќе го замени човекот.

Овој претприемач, кој пред неколку години предупреди дека вештачката интелигенција е најголемата закана за човештвото во моментот, додаде дека Tesla сака да се осигура дека транзицијата кон општество во кое роботите работат, а луѓето ги користат бенефитите ќе биде безбедна транзиција.

(BBC)

(фото: YouTube)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!