4.8 C
Skopje
вторник, ноември 29, 2022

Три држави со најмногу прашуми во светот основаа сојуз за зачувување на шумите

Kabtel desktop

Бразил, Демократка република Конго и Индонезија, кои се трите држави со најмногу прашуми во светот, вчера официјално договорија партнерска соработка за зачувување на шумите откако една деценија се обидуваа да формираат трилатерален сојуз.

Брзото уништување на прашумите, кои со својата густа вегетација апсорбираат огромни количини јаглерод диоксид, го отежнува исполнувањето на глобалните цели за намалување на концентрацијата на стакленички гасови. Обновувањето на претходно уништените прашуми ги отстранува стакленичките гасови од атмосферата.

Претставници на трите земји кои со своите површини покриени со прашуми сочинуваат 52%од светските тропски прашуми, потпишаа заеднички изјави во Индонезија во пресрет на самитот G20, кој е група од највлијателни економии кој, а почнува денес на островот Бали.

Со потпишаниот договор на тие три земји се одредува државите парично да исплатат поддршка за спречување на сечењето шуми и нивно зачувување како апсорбери на јаглерод. Тие земји ќе испреговараат нов одржлив механизам на финансирање, од кој ќе ги помагаат земјите во развој во зачувувањето на биодиверзитетот, како и зголемување на финансирањето преку REDD+ програмата на ОН за намалување на обесшумувањето.

Состанокот на G20 се совпаѓа со вториот и завршен дел на самитот за климата на ОН, кој се одржува во Египет, каде што советничката на бразилскиот претседтаел за животна средина, Изабела Теихеира, изјави дека Бразил ќе бара вклучува на други држави во регионот на Амазонија, каде што сега има девет земји.

„Шумите се битни, природата е битна. Верувам дека без заштита на Амазонија не можеме да ја заштитиме планетата од климатските промени“ додаде Теихеира.

Бразил треба да настојува да се приклучат и други земји, рече таа и потсети дека преговорите за заштита на прашумите досега не напредувале поради институционални тешкотии.

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!