Богатите земји ќе им плаќаат на сиромашните за штетите од климатските промени

- Advertisement -

Историски договор беше постигнат на меѓународната климатска конференција на Обединетите нации (КОП 27) што се одржа во Египет. Би-би-си пишува дека завршува тридеценискиот период на чекање од сиромашните земји во светот, кои се соочуваат со огромни климатски влијанија како последица на зголемување на емисиите на стакленички гасови во светот.

На КОП 27 е постигнат историски договор, преку кој богатите земји ќе им платат на посиромашните за штетите и економските загуби што биле предизвикани од климатските промени, преку формирањето на т.н. фонд за загуби и штети. Сепак, земјите во развој останаа незадоволни во делот на напредокот во намалувањето на употребата на фосилни горива.

- Advertisement -

„Јасна посветеност за постепено укинување на сите фосилни горива? Не во овој текст“, искоментира Алок Шарма од Обединетото Кралство, кој беше претседател на претходниот самит на КОП 26 во Глазгов.

Овогодинешните разговори во Шарм ел Шеик, Египет, беа блиску до колапс до самиот крај на самитот.

- Advertisement -

Би-би-си пишува за слаб, топол аплауз што го исполнил историскиот момент кога беше договорен „фондот за загуби и штети“ во раните утрински часови во неделата во Египет. Развиените земји долго време се спротивставуваа на фондот што ги покрива штетите од климатските влијанија, како што се: поплави и суша.

Разорните поплави во загрозената земја Пакистан ова лето, во кои загинаа околу 1.700 луѓе со проценета штета од 40 милијарди долари, беа моќна позадина на овој самит на КОП 26.

- Advertisement -

Во неделата, министерот за животна средина на Антигва и Барбуда, Молвин Џозеф, и претседавач со Алијансата на малите островски држави, рече дека постигнатиот договор е „победа за целиот свет“.

Сепак, нациите и групите, вклучувајќи ги Велика Британија, ЕУ и Нов Зеланд, го напуштија Египет незадоволни со компромисите за фосилните горива и ограничувањето на климатските промени.

„Неверојатно сум разочаран што не можевме да одиме понатаму“, изјави водечкиот преговарач во Велика Британија, Алок Шарма за новинарите по завршувањето на разговорите.

Земјите кои се бореа да ја ослабат амбицијата за брзо намалување на емисиите на стакленички гасови што ја загреваат планетата, треба „во очи“ да ги погледнат ризичните нации, рече тој.

Целиот текст на Мета

Сподели!
- Advertisement -