Компанијата Waymo, подружница на Alphabet, позната како некогашен проект на Google за беспилотни возила, веќе некое време управува со автономна такси услуга во некои градови во САД.
Сега Waymo се здружи со компанијата Geely, која е дел од кинеската групација Zheijang Geely Holding, и заедно работат на развојот на нови услуги со целосно автономни роботизирани такси возила, кои патниците ќе ги превезуваат без потреба од квалификуван воза во кабината, што значи дека идните такси нема да имаат никакви системи за управување.
Тие го претставија новото миниван роботизирано такси, кое е развиено на платформата SEA-M на брендот Zeekr на Geely, и е дизајнирано како целосно електрично возило, оптимизрано за превоз како услуга, како што можете да видите од видеото во прилог.
Комбито нема волан, педали ниту ретровизори, а четири автоматизирани лизгачки врати се отвораат како во подземна железница. Во внатрешноста комбито собира петмина патници, од кои двајца напред, а таблата на комбито не содржи ништо друго освен централно поставен екран на допир.Има и два екрани осетливи на допир од задната страна, каде што можете да пуштате музика, да изберете дестинација или да видите за што моментално „размислува“ автомовилот.
Што се однесува на сензорите, главниот е цилиндричен лидар, кој се наоѓа во секое ќоше од автомобилот. Потоа има сензори за возење напред-назад, а и ниско поставени сензори напред и од страна. Тие сензори имаат задача да го скенираат периметарт непосредно околу автомобилот. Има и пакет сензори на кровот, со лидар со поголем досег и други сензори за планирање и пронаоѓање маршрути.
Засега не е познато кога целосно автономното комби ќе се најде по патиштата, но Waymo и Alphabet долго време работат на задоволување на регулативите и трпеливо чекаат дозволи од надлежните тела во САД.
(Vidi.hr)
(YouTube)