Филмовите на Amazon наскоро ќе се прикажуваат и во кино

- Advertisement -

Amazon последните години ги зголемува своите инвестиции во оригинални содржин преку стриминг сервисот Prime Video и телевизиски студија. Минатата година компанијата потрошила дури 13 милијарди долари за своите музички и видеосервиси, што е 2 милијарди долари повеќе отколку во 2020 година.

Според извештаите на американските медиуми, годинава го прошириле фокусот на филмови за кино, на чие снимање годишно планираат да трошат по милијарда долари. Со продукција планираат да почнат идната година, а планот е нивните студија годишно да прават од 12 до 15 високобуџетни филмови. Тоа се плановите за почеток и во иднина можеме да очекуваме понатамошно ширење на тој пазар, а можеби со тек на време ќе ги зголемат и инвестициите во такви филмови.

- Advertisement -

Откако се проширија тие информации по интернет, реагираше и берзата, односно скокнаа цените на компаниите поврзани со кино и дистрибуција на филмови. Веста а влез на овој пазар и не е некое изненадување со оглед на тоа дека Amazon неодамна плати речиси 8,5 милијарди долари за преземање на MGM. Таа компанија е сопственик на околу 4.000 филмови, вклучувајќи ги и понатите франшизи како филмовите за Џејмс Бонд.

(Hollywood Reporter)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -