Франција забранува прибор за еднократна употреба во брендовите за брза храна

- Advertisement -

Од 1 јануари 2023 година, рестораните за брза храна во Франција повеќе нема да ги услужуваат клиентите со чинии, чаши и прибор за еднократна употреба, како дел од најновата мерка на земјата за борба против отпадот и поттикнување на рециклирањето.

Според новинската агенција AFP, синџирите за брза храна во државата се подготвуваат со месеци во пресрет на новото правило, за кое се претпоставува дека драстично ќе промени многу деловни модели поврзани со употребата на практични пакувања и прибор за еднократна употреба.

- Advertisement -

Во Франција има околу 30.000 локали за брза храна, кои служат над шест милијарди оброци годишно и создаваат 180.000 тони отпад во текот на тој процес. Моира Турнеур од организацијата Zero Waste France смета дека забраната може да „направи конкретна разлика за луѓето“, и тоа на подобро.

Меѓутоа, не сите организации ја поддржуваат новата легислатива. Европската алијанса за хартиени пакувања (EPPA) го изрази своето незадоволство од овој потег, тврдејќи дека повеќето пакувања за еднократна употреба се направени од обновливи материјали кои имаат стапка на рециклирање од 82% низ Европската Унија. Дополнително, организацијата вели дека според новото правило, потребното миење на приборот и амбалажите за повеќекратна употреба ќе придонесе за поголема потрошувачка на електрична енергија и вода, што е спротивно на примарната цел за подобри одржливи практики.

- Advertisement -

Еден проблем со кој рестораните може да се соочат во иднина е недостатокот на свест кај потрошувачите во врска со садовите за повеќекратна употреба. Некои локали веќе забележаа дека клиентите често ги земаат чашите за повеќекратна употреба или несвесно ги фрлаат садовите за повеќекратна употреба во ѓубре наместо да ги вратат.

Друга грижа за бизнисите може да бидат дополнителните трошоци за купување прибор и амбалажа за повеќекратна употреба, кои често се поскапи од хартијата и картонот за еднократна употреба. Иако ниту еден синџир за брза храна сè уште не ги зголемил своите цени, тоа дефинитивно останува можност.

- Advertisement -

Маркетинг 365

Сподели!
- Advertisement -