1.8 C
Skopje
петок, февруари 3, 2023

Илјадници откази летаат и во Alphabet

Kabtel desktop

Компанијата-мајка на Google, Alphabet, пред неколку дена извести дека ќе укине 12.000 работни места со порака до вработените дека економската ситуација е полоша отколку што се очекувало.

Компанијата интензивно вработуваше изминатите неколку години за поинаква економска реалност од оваа со која што се соочуваме денес, напиша во дописот до вработените извршниот директор на Alphabet, Сундар Пичаи.

Целосно сум одговорен за одлуките кои не доведоа до сегашната ситуација, додаде Пичаи.

Компанијата планира да отпушта и луѓе од инженерските оддели, а први известувањето за отказите го добија вработените во САД. Во другите земји процесот ќе трае подолго поради законите за труд, додаваат.

Објавата на Google доаѓа после информацијата дека Microsoft планира да отпушти 10.000 вработени. Купувачите настојуваат да ја оптимизираат потрошувачката и се внимателни затоа што во некои делови од светот има рецесија, објасни во пораката Сатја Надела и најави фокусирање на стратешки области, вклучувајќи ја и најверојатно вештачката интелигенција.

И покрај масовните откази, работниците во оваа индустрија многу брзо наоѓаат нова работа. И Amazon пред неколку дена почна да дели откази, кои се планирани за 18.000 вработени. Meta, компанијата-мајка на Facebook, планира да отпушти 11.000 вработени.

Вкупно во 2022 година во технолошкиот сектор беа најавени над 97.000 откази, што е најмногу од 2002 година досега, кога биле отпуштени 131.000 вработени, според податоците од компанијата Challenger, Gray & Christmas.

(Zimo)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!