1.8 C
Skopje
петок, февруари 3, 2023

ОН предупредуваат: поради климатските промени нема да може да се живее на многу делови од Земјата

Kabtel desktop

Се побројните природни катастрофи, кои принудија милиони луѓе да се иселат, денеска се една од главните причини за кримаречње луѓе, се вели во извештајот на ОН објавен вчера.

Климатските промени ја зголемуваат ранливоста кон криумчарење луѓе, се вели во истражувањето на Канцеларијата за дрога и криминал на ОН, а се базирта на податоци собрани во 141 земја во периодот од 2017 до 2020 година и на анализата на 800 правосудни случаи.

Со тек на време цели региони ќе станат неповолни за живот, што диспропорционално ги погодува сиромашните заедници кои живеат главно од земјоделство или рибарство.

Луѓето остануваат без средства за живот и се присилени да ги напуштат своите заедници, стануваат лесен плен на криумчари со луѓе, вели главниот автор на извештајот, Фабрицио Сарица.

Само во 2021 година климатските катастрофи принудно раселиле над 23,7 милиони луѓе, додека многу други мораа да заминат во странство. Извештајот ги наведува како пример тајфуните на Филипините и во Бангладеш, каде што често се случуваат циклони и бури. И во двете земји е утврден пораст на криумчарењето луѓе, на пример, организирање големи кампањи за врабпотување за сиромашните да се намамат на принудна работа.

Гана, земја која е жртва на суши и поплави и Карибите, кои се мета на урагани и пораст на нивото на морето, исто така се на првата линија.

(Zimo)

(фото: Pixabay)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!