- Advertisement -

„Бучен Козјак“ го прослави  Светскиот ден на млекото во знакот на 40 – годишниот јубилеј  со музички хепенинг за деца

Куманово, 1 јуни 2023 год. Млекарницата „Бучен Козјак“ го прослави 1 Јуни Светскиот ден на млекото во знакот на 40 годишниот јубилеј и славење на традицијата, со пригодна  програма за деца. Настанот се одржа пред  платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, со богата музичка програма за децата  од Општина Куманово, како и сите љубители на убава забава, кои дојдоа  да го слават млекото и традицијата.

- Advertisement -

Настанот, овозможи посебно уживање на присутните, бидејќи  беше спојување на  музичката народна традиција, преку  Детската патувачка фолк библиотека на Фолконика – Центар за зачувување на македонската фолк музика, фолклорното творештво,едукација и иновации за деца,прва од ваков вид, која патува кај сите деца  во државата.  Проект кој овозможува децата да се запознаат, да пеат, да читаат и да ги изведуваат македонските народни песни, за да се зачуваат и заштитат, а воедно да имаат можност да се запознаат и со издаваштвото за деца, со  музички сликовници, со цел зачувување на музичкото културно наследство, преку негување на фолклорот и народните музички вредности, насочени кон најмладата популација, преку едукативно-образовните процеси.

Со фолклорни изведби на ора од Детско младинскиот фолклорен  ансамбл „Срма“, децата  имаат можност да се запознаат и со фолклорната традиција, преку  уникатни кореографии.

- Advertisement -

“Светскиот ден на млекото е одличен повод за да го одбележиме нашиот 40- годишен јубилеј, со најмладите, но во знакот на традицијата, која е силно втемелена во нашата компанија. Затоа, оваа година, го прославуваме овој ден, со поддршка на народната музичка традиција, како потврда за значењето на традицијата.Како општествено одговорна компанија, континуирано  поддржуваме  проекти кои се во насока на придонес кон едукација и негување на вистинските вредности кај најмладите, со што сакаме да придонесеме во градење на нивните личности. Секако, во тој нивни развој, основно е што ги учиме и за здравите навики и користењето на здрави и квалитетни производи, како што се нашите млечни производи, кои ќе им овозможат да имаат весело детство и здрав раст.

Така и со овој настан,  ја покажуваме  грижата за нашите најмали потрошувачи,  тие да бидат здрави и да растат со вистински вредности. Негувањето на традицијата е наша водилка и за следните генерации, затоа сакаме  да се вткаат овие вредности и во растот на најмалите генерации, да ја сакаат традицијата, да ја негуваат и зачувуваат“, велат од „Бучен Козјак“.

- Advertisement -

Програмата, во делот на народната музика ја збогати  настапот на  популарниот фолк пејач Душко Георгиевски, придружуван од познатата инструменталистка Бајса Арифовска, со изведба на повеќе познати народни песни. Беа  изведени музички точки од детските фестивали, Фестивал за детски песни „Распеано детство“ и Детскиот ТВ фестивал „Бисерчиња“, како и млади музички таленти од градот. Децата имаа можност да бидат дел од креативното катче и да ги изразат своите уметнички дарби, на тема млеко и дружба со брендот на „Бучен Козјак“.

На интерактивен начин,  ги покажаа и своите музички афинитети преку натпреварувачкиот фолк квиз. Програмата ја збогатија и  литературни творби, од Наградниот литературен конкурс, кој го објави компанијата, во чест на „Светскиот ден на млекото“, на тема „Млекото е извор на живот“, со што децата ја покажаа и љубовта кон пишаниот збор.

На програмата прозвучија и композициите на оркестарот „Симфониум“, од средношколците на кумановската гимназија „Гоце Делчев“, под диригентска палка на професорот Филип Петровски.

На програмата  настапи и  младата и талентирана Мартија Станојковиќ, познатата Пинкова ѕвездичка, добро позната на нејзините сограѓани.

Во текот на целиот настан, посетителите   ги дегустираа производите на „Бучен Козјак“,   другаруваа и со нивниот заштитен знак, Кравичката- маскота.

На манифестацијата, беа доделени благодарници за учесниците и награди за најдобрите литературни творби, најдобрите ликовни уметници, кои  цртаа за време на наградниот дел од креативното катче, а  добија и  пакет производи од „Бучен Козјак“.

Сподели!
- Advertisement -