Samsung развива сопствен четбот со вештачка интелигенција

- Advertisement -

Вештачката интелигенција за кратко време стана дел од нашето секојдневие во форма на четботови. Истражувањата покажаа дека ChtGPT и алатките слични на него веќе се користат како асистенти и вршат разни задачи, па во иднина на некои позиции би можеле дури да ги заменат луѓето.

Освен добро познатите компании на ова поле кои развиваат ветшачка интелигнеција како што се OpenAI, Google, Microsoft итн., многу други компании ставаат се поголем акцент на вештачката интелигенција.

- Advertisement -

Така, според неофицијални информации, сопствен четбот развива и Samsung. Според она што е познато, јужнокорејската компанија работи на развојот на конкурент на ChatGPT, но она што е особено интересно е дека таа алатка нема да биде јавно достапна, туку ќе биде наменета за мал број луѓе.

Имено, вештачката интелигенција на Samsung ќе биде наменета само за вработените во компанијата и тоа не за сите, туку за ограничен број. Вработените во компанијата претходно користеле ChatGPT, но додека вештачката интелигенција секако им помогнала во вршењето одредени задачи, проблем е што вработените со ChatGPT разговарале за чувствителни и тајни информации за компанијата и за развојот на нови чипови кои протекоа во јавност.

- Advertisement -

За тоа да не се повтори, а за нивните вработени да можат да ги искористат сите бенефити од вештачката интелигенција, Samsung се одлучи на необично решениеа – развој на сопствена алатка со вештачка интелигенција само за сопствени потреби. Како што откриваат од страницата SamMobile, компанијата соработува со Naver Corp на развојот на четботот.

Вештачката интелигенција ќе се користи само на нивните сервери и ќе биде достапна за софтверските девелопери и инженерите кои развиваат чипови. Основната верзија треба да биде достапна уште годинава, а наредната верзија веројатно ќе биде готова во февруари 2024 година.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -