Титулата најтопол ден во историјата на Земјата сега му припаѓа на 4 јули

- Advertisement -

Според прелиминарните податоци кои ги објавија американските метеоролози, изминатиот вторник означи нова пресвртна точка во глобалите климатски промени затоа што беше забележан како најтопол ден во истоирјата и го надмина рекордот поставен само претходниот ден.

Просечната дневна температура на 4 јули на Земјата достигнала 17,18 степени Целзиусови, со што е надминат рекордот од 3 јули и се стави фокус на влијанието на климатските промени кои се резултат на користењето фосилни горива.

- Advertisement -

Рекордот од 17 степени Целзиусови просечна температура од понеделникот е за нецел стеоен повеќе од претходниот рекорд поставен во јули 2022 година – 16,92 степени Целзиусови.

Просечната глобална температура на воздухот од 1979 до 2000 година на почетокот на јули се движела од 12 до нешто помалку од 17 степени Целзиусови. Иако новите мерења допрва треба да ги потврдат и други извори, сепак, постои можност повторно да се надмине рекордот затоа што допрва почнува летната сезона

- Advertisement -

Типично, проселчната глобална температура продолжува да расте до крајот на јули и почетокот на август.

- Advertisement -

(Science Alert)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -