Во јавноста деновиве силно оддекна информацијата дека Paket.mk доби инвестиција од 300.000 евра за иновации и експанзија низ Балканот. За оваа важна инвестиција на македонскиот пазар имавме ексклузивна можност да поразгивараме со Драган Јосифивски (лево на фотографијата), еден од коосновачите на Paket.mk. Логично, најпрвин го прашавме како дојде до оваа позитивна вест?
Во Paket веќе некое време планиравме seed рунда. За дополнителен развој на домашниот пазар, а уште повеќе и за излез во странство потребна е сериозна инвестиција. Затоа решивме да отвориме инвестициски циклус кој ќе ни овозможи да го продолжиме нашиот раст со забрзано темпо и да станеме компанија која навистина ќе го промени начинот на пазарување во Македонија и во регионот.
Интересно е да споделите и за Eleven Ventures, водечки инвестициски фонд во Југоисточна Европа. Како дојде воопшто до соработката со овој фонд, колку долго траеја преговорите и кои се вашите очекувања од соработката со овој етаблиран и искусен инвестициски фонд?https://ads.epp.mk/www/images/d9f5b7fd45eef4a848bd1f38a99eac58/index.html?clickTag=https%3A%2F%2Fads.epp.mk%2Fwww%2Fdelivery%2Fcl.php%3Fbannerid%3D47%26zoneid%3D137%26sig%3D33fc9847096021c93fe6aa9cdf9d6de48cf21978bcee2ad15d2bbf59045a6713%26dest%3Dhttps%253A%252F%252Fkb.mk%252Fgoogle-pay.nspx
Се запознавме на еден бизнис настан во Скопје. За кратко ги започнавме преговорите, а за неколку месеци и ги завршивме успешно. Доколку имате добри процеси, би рекол дека преговорите не се тешки и се завршуваат за неколку месеци. Не заборавајте дека VC фондовите се создадени за брзо-растечки бизниси во раните фази од постоењето, така што истите се исклучително прилагодливи и знаат како да го водат овој процес.
Велите дека средствата ќе се искористат за иновации и инвестиции во регионално ширење на бизнис операциите. Поконкретно, какви иновации ќе воведете во вашето работење?
Ќе воведеме многу ситни иновации кои ќе направат голема разлика во нашиот „продукт“. Веќе работиме многу на значително подобрување на асортиманот со што за брзо ќе постигнеме асортиман кој не само што ќе им парира на големите премиум ланци, но во многу категории ќе биде и подобар. Навистина активно ги слушаме барањата од потрошувачите и правиме многу истражувања за да воведеме производи кои на купувачите ќе им го направат пазарувањето полесно, поинспиративно и поизвесно. Исто така, работиме и на подобрување на целокупното корисничко искуство со што пазарувањето на Paket ќе стане уште поголемо уживање.
Во сегментот на експанзија на бизнисот во регионални рамки дали веќе започнавте со анализа на пазарите каде би сакале да се ширите? Кои се клучните предизвици со кои очекувано ќе се соочите со оглед на тоа дека секаде онлајн траговијата е во експанзија а конкуренцијата континуирано расте?
Не би рекол дека онлајн трговијата секаде е во експанзија. Можеби така изгледа на прв поглед, но во повеќето пазари од Балканот растот на овие индустрии се случува преку исклучително проблематични модели кои на долг рок се покажуваат како неуспешни, посебно во делот на онлајн намирници. Така, би рекол дека во регионот постои значителен потенцијал за здрави модели на е-трговија кои пред сѐ се ефикасни и одржливи на долг рок.
Кажете ни малку повеќе за Вас. Кој стои позади Paket.mk? Кога и како започна оваа бизнис приказна?
Јас го основав Paket и започна со работа со 2018-та. Една година подоцна се случи и првата мала инвестиција од СПМГ капитал. Подоцна имавме рунда на која влегоа неколку ангели-инвеститори, при што го добивме и вториот founder во бизнисот – Душко Јордановски. Така започнавме да развиваме софтвер бидејќи Душко има исклучително големо искуство во оваа област.
Може ли споделите некои факти со читателите околу Вашата лидерска позиција на онлајн пазарот во Македонија?
Paket е убедлив лидер во пазарот на онлајн супермаркетите. Не постојат официјални податоци за да можам вака јавно да кажам колку изнесува нашиот удел во проценти, но се работи за доминантно учество.
Сите статистички податоци потврдуваат расте на онлајн купувањето, раст на понудата и користење на картички во купувањето воопшто, но се уште стојат и големите проблеми околу нелојална конкуренција, нерегистрирани онлајн профдавачи кои ја поткопуваат довербата кај купувачите. Кој е вашиот став во однос на ова?
Во сегментот на супермаркет не постои значителна нелојалната конкуренција од нерегистрирани трговци. Во другите категории кои ги застапуваме постои нелојална конкуренција, но тоа е генерален проблем на македонскиот пазар. Нелегална трговија постои и во физичката трговија и тоа е голем проблем.
На македонскиот пазар веќе влегуваат и регионални играчи. Дали ова ја јакне конкуренцијата и води кон поголема професионалност и квалитет на понудените услуги?
Да, секако дека води кон подобра услуга. Е-трговијата е бизнис во кој се потребни значителни вложувања за постигнување на раст и оддржливост. Тоа се случува во сите развиени пазари, па и во Македонија растот ќе се постигне на тој начин.
Со која динамика ќе се реализираат овие најави и кога купувачите ќе ги почувствуваат бенефитите од оваа инвестиција?
Веќе интензивно работиме на многу аспекти. Асортиманот е значајно проширен, а секојдневно додаваме и нови производи. Процесот е веќе започнат и Paket станува уште подобро место за пазарување за сѐ повеќе домаќинства во Скопје.