Платформата за вработување Linkedin отпушта 3% од вработените

- Advertisement -

Компанијата LinkedIn соопшти дека отпушта стотина вработени, кои сочинуваат околу 3% од работната сила. Укинувањето на работните места доаѓа после над 700 откази кои оваа онлајн платформа за вработување ги најави на пролет.

Во мај оваа компанија најави еден бран на откази. Во соопштението се наведува дека годишниот приход на компанијата надминал 15 милијарди долари по прв пат во фискалната година која заврши во јуни. Платформата со седиште во Санивеј, Калифорнија, заработува од реклами и од корисниците кои плаќаат за премиум услуги.

- Advertisement -

LinkedIn наведува дека има околу 19.500 вработени. Компанијата им испрати имејл на своите вработени во кој ги известува за неодамнешните чекори кои ги презела со цел подобрување на агилноста и одговорноста. Во имејлот компанијата тврди дека ги преземаат овие чекори имајќи ги на ум долгорочните планови на компанијата, пренесува Business Insider.

Business Insider успеа да дојде до писмото кое LinkedIn им го испратил на своите вработени. Во писмото се наведува дека оние кои се засегнати од отказите ќе добијат имејл со наслов „Потребно присуство: Кратење на улогите во истражување и развој“. На вработените потоа ќе им биде речено дека ќе ја добијат поддршката од компанијата во овие тешки времиња.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -