Повик за млади за учество на „Климатон Скопје“

- Advertisement -

Во организација на Центарот за развој на претприемачи и менаџери (CEED Hub) Скопје, дводневниот хакатон за климатски промени „Климатон Скопје“ ќе се одржи на 3 и 4 ноември во просториите на INNOFEIT во Скопје.

- Advertisement -

Настанот е отворен за сите млади ентузијасти со иновативни идеи за решавање на климатските предизвици во Скопје преку дигитални решенија.

Победничкиот тим ќе биде поддржан со 3.000 евра од Шпаркасе Банка Македонија, со цел да се спроведе предлог-решението. 

- Advertisement -

Повикот за учество е отворен до 22 октомври, а заинтересираните треба да го пополнат формуларот за учество. Целосните детали за пријавување се достапни онлајн, а организаторите посочуваат дека работниот јазик на настанот ќе биде англиски јазик.

Скопје е еден од 60-те градови низ светот во коишто се организираат Климатони во исто време од годината, со цел развивање на решенија за локалните предизвици поврзани со климатските промени.

- Advertisement -

Настанот е дел од Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и CEED Hub Скопје.

Сподели!
- Advertisement -