Џеф Безос го победи Маск – склучи договор со НАСА за две мисии на Марс

- Advertisement -

Компанијата Blue Origin на Џеф Безос изгледа ја претрка компанијата SpaceX на Илон Маск во трката за Марс. Имено, НАСА ги откри плановите за лансирање на две научни вселенски летала на ракетата New Glenn на компанијата Blue Origin во август 2024 година. Со тоа Blue Origin си осигура договор вреден 20 милиони долари.

Оваа одлука на НАСА следува после второто неуспешно лансирање на ракетата Starship на Маск, која беше наменета за мисии на Месечината и на Марс. Мисијата Escape and Plasma Acceleration and Dynamics Explorer (ESCAPADE) на НАСА ќе замине во вселената со проверената ракета New Glenn на Blue Origin и ќе ги истражува ефектите на соларните ветришта на магнетосферата на Марс.

- Advertisement -

Овој потег на НАСа е дел од пошироката стратегија за ангажирање приватни компании за поисплатливи мисии на Марс. Ваквите договори се доста флекисиблни и помаат да се прошири пристапот до вселената преку пониски трошоци за лансирање, се вели во најавата на НАСА.

Ова е прв пат НАСА да соработува со приватна компанија за користење вселенски летала. Ривалството меѓу компаниите на Илон Маск и Џеф Безос се интензивираше преходно кога добија посебни договори за мисии на Месечината, вредни повеќе милијарди долари.

- Advertisement -

И покрај потенцијалните ризици, изгледа дека НАСА сака да ризикува со непроверената ракета New Glenn. Од НАСА признаа дека тој ризик постои и дека се спремни малку да ризикуваат. Ракетата на Blue Origin, за која прво беше најавено инаугурациско полетување во 2021 година, а потоа во четвртиот квартал од 2022 година, уште нема полетано.

(Daily Mail)

- Advertisement -

(фото: Wallpaper Flare)

Сподели!
- Advertisement -