Ecotip влегува во стратешко партнерство со светскиот гигант Solis во секторот на соларната енергија

- Advertisement -

Ecotip, познат како иновативен и динамичен играч на пазарот, влегува во стратешко партнерство со Solis, гигантот на светскиот пазар на фотоволтаички инвертери. Нивниот стремеж кон одржливост и иновации е очигледен, а сега, со ова ново партнерство, нивната мисија за трансформација на енергетскиот сектор добива уште поголема тежина.

Во предстојното ексклузивно интервју со Bloomberg, Solis ќе ги истакне аспектите и влијанието на ова партнерство, потврдувајќи го нивниот заеднички цел за иновација и одржлив развој. Тие имаат амбициозни планови за продлабочување на своeто влијание и преку Екотип да имаат водечка улога во секторот на обновливи извори на енергија, особено во Југоисточна Европа.
Да се биде дел од тимот на Solis е уште еден чекор кон мисијата на Екотип за ширење на мрежата на исклучително влијателни стратешки не само во Македонија  туку и од Македонија низ поширокиот регион.

Важно е да се нагласи дека Ecotip не само што е предводник во енергетската транзиција, туку и активно вработува и поддржува најуспешни млади таленти во земјатс, поттикнувајќи го нивниот развој и иновации во секторот за оддржливи енергетски решенија. Нивната стратегија вклучува креирање на силна основа на млади професионалци, што ги прави не само лидери во индустријата, туку и во образованието и развојот на млади таленти.

- Advertisement -

За повеќе од 25 години, Ecotip е препознаен како лидер на пазарот, не само во Македонија туку и низ цела Европа, а и пошироко со значајни партнерства и референци во најважните индустрии. Ова е уште една е потврда на нивниот непрекинат стремеж кон иновација и одржлив раст.

Фото – Piqsels

Сподели!
- Advertisement -