Најголемиот леден брег во светот почна да се движи после 30 години мирување

- Advertisement -


Најголемиот леден брег во светот почна да се движи после 30 години, колку што се наоѓаше во состојба на мирување на дното на океанот. A23a, како што се вика брегот, се одвои од брегот на Антарктикот во 1986 година и веднаш потоа се приземји во Ваделовото Море и всушност, стана леден остров.

Со речиси 4.000 квадратни километри површина, овој брег е дупло поголем од Лондон. Минатата година лебдеше, но сега се заканува да излезе надвор од водите на Антарктикот.

- Advertisement -

Овој леден брег е дебел околу 400 метри. За споредба, највисокиот облакодер во Европа, Лондон Шард, е висок 310 метри.

A23a беше дел од масивното кршење на бреговите од ледената плоча Филхнер на Белиот континент. Во тоа време на него се наоѓаше советската истражувачка станиколку одамна дошло до одвојување на брегот од Антарктикот.

- Advertisement -

Колку и да се големи или мали, на крајот сите ледени брегови се осудени да се истопат, а научниците внимателно го следат движењето на A23a. Ако се приземји во Јужна Џорџија, може да предизвика проблеми за пингвините и другите морски птици кои се размножуваат на островот. Исто така, A23a може да ги поремети нормалните патишта на исхрана на животните и да ги спречи правилно да ги хранат своите млади.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Deviant art)

Сподели!
- Advertisement -