Германците наскоро добиваат монета од 11 евра

- Advertisement -

Монета од 11 евра ќе биде издадена во текот на 2024 година во Германија. Станува збор за т.н. монета со посвета. Серијата монети сега вклучува 1, 2, 5, 10, 20 и 50 центи, како и монети од 1 и 2 евра.

Монетите ќе бидат издадени во склоп на фудбалското првенство UEFA European Football Championship 2024 ќе биде пуштена во промет на 8 мај. Новите монети ги најави германското Министерство за финансии.

- Advertisement -

Според информации на Министерството за финансии, монетата од 11 евра ќа прикажува крувната архитектура на Олимпискиот стадион во Берлин, каде што ќе се одржи финалето на Европското првенство во 2024 година.

Во средината на монетата има голема фудбалска топка, пишуваат германските медиуми. Околу неа има фудбалско игралиште и неколку корнер знаменциња. Монетата е украсена со црни, црвени и златни детали – во скалд о земјата која е домаќин нна првенството, пишува Fenix.de.

- Advertisement -

На другата страна пишува Сојузна Република Германија и е прикажан орел, вредноста на монетата и 2024 година. Монетата има и ознака SILVER 500, а ја дизајнираа Детлеф Бер од Келн и Лоренц Кросман од Берлин.

Но, дали можете да ја користите монетата за плаќање? Ако купите монета од 11 евра, можете да ја користите и за плаќање. Во соопштението пишува дека монетата ќе биде законско платежно средство во Германија. Но, вистинското прашање е дали ќе се исплатува да се плаќа со монетата?

- Advertisement -

Со оглед на тоа дека оваа монета ќе се смета за колекционерски предмет, вреди многу повеќе од 11 евра и ако се обидете да платите со неа, ќе бидете во загуба. Освен тоа, вредноста на монетата ќе порасне со тек на време, пишуваат германските медиуми.

(Fenix.de)

Сподели!
- Advertisement -