Откриени 85 нови егзопланети во зоната со потенцијално погодни услови за живот

- Advertisement -

Научници од британскиот Универзитет Ворвик, анализирајќи ги податоците на НАСА, открија 85 нови егзопланети, односно планети надвор од Сончевиот систем. Во распон од 17.600 до 560.000 км во просек, сите новооткриени егзопланети се поголеми од Земјата, но имаат и една потенцијална клучна особина – сите се наоѓаат во т.н. населлива зона, односно нудат услови погодни за живот.

Сите егзопланети се наоѓаат во 85 единствени системи – една планета по ѕвезда, велат од универзитетот. Нвниот точен систем засега е непознат. Тимот го употеебил сателитот TESS на НАСА, лансиран во 2018 година, за да ги испитаат тие транзити, односно кратки падови на светлина на ѕвездите кои укажуваат на поминување на планетите,. Тоа на научниците им помогнало да дознаат некои детали за тие егзопланети, како што е нивната големина и орбитални примероци.

- Advertisement -

За разлика од големината на егзопланетите кои ги откри TESS и кои имаат кратки оербити околу матичните ѕвезди, новите 85 егзопланети имаат долги орбитални периоди, што укажува на поладни услови.Прелиминарните проценки велат дека периодите на орбитирање се движат од 20 до 700 дена.

Постои уште многу простор за истражување на тие егзопланети за да се дознае повеќе за нивните точни орбитални периоди, велат истражувачите. Од 85. егзопланети, 60 се целосно нови откритија, додека 25 претходно ги откриле други тимови користејќи различни методи. Се чека потврда од НАСА, која бара проверка со повеќекратни методи за откривање на егзопланети.

- Advertisement -

(Daily Mail)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -