Компанијата Motorola на Светскиот мобилен конгрес во Барселона претставија флексибилен паметен телефон кој може да се носи како алка околу зглобот на раката.
Компанијата која е во сопственост на кинескиот технолошки гигант Lenovo истакна дека овој производ засега е само концепт и можеби никогаш нема да биде пласиран на комерцијалниот пазар, но со него сакале да покажат колкав напредок постигнале во развојот на таа технологија.
Претставникот на Motorolа покажа како телефонот може да се витка на различни начини за да се стави околу рака.
Кога телефонот е на рака, се менува начинот на кој се прикажуваат информациите на него, а апликациите се прикажуваат на врвот на екранот. Од Motorla велат дека телефонот се витка на основа на принципот кој е сличен на функционирањето на човечкиот рбетен столб.
(N1)
(фото: YouTube)