Њујорк е најбогат град во САД со 350.000 милионери

- Advertisement -

Најголемиот град ов САД, Њујорк, воедно е и најбогат град во Америка, со речиси 350.000 милионери и 60 милијардери, чија милионска популација порасна за 48% во текот на изминатата деценија.

Тоа го соопшти консултантската компанија Henley & Partners. Според нивните податоци, подрачјето на заливот Сан Франциско е второто најбогато место во Америка, со над 305.000 милионери, и покрај тоа што има повеќе милијардери од Њујорк (68), пренесува CNBC.

- Advertisement -

Интересно е тоа што стапката на раст на бројот на богаташи во заливот во последните 10 години е уште поимпресивна, затоа што милионерската популација пораснала за 82%, а се очекува растот на инвестициите и вештачката интелигенција да даде уште поголем поттик на оваа област.

На оваа ранг листа следуваат Лос Анџелес со 212.000 милионери, Чикаго со 120.500 милионери и Хјустон со 91.000 милионери.

- Advertisement -

Најбрзорастечки град во САД со ултрабогати луше мешу првите 10 е Остин во Тексас, кој во текот на минатата деценија ја зголеми популацијата со милионери повеќе од дупло на 33.000.

Мајами, исто така, е импозантен што се однесува на порастот на бројот на милионери (вкупно околу 35.000) од 87% во текот на минатата деценија.

- Advertisement -

(021)

(фото: Wikipedia)

Сподели!
- Advertisement -