Ова е првото кафе кое го направи вештачка интелигенција

- Advertisement -

Вештачката интелигенција навлезе во уште едно поле на човечка активност – креирање идеална меашвина на кафе за финскиот бренд Kaffa Roastery од Хелсинки. Кафето наречено AI-conic настанало кога Анти Мерилехто, основч на финската компанина Elev Consulting и долгогодишен консумент на кафе од Kaffa Roastery, добил идеја да користи вештачка интелигенција за мешање на кафето. Таа идеја им ја кажал на челниците на Kaffa Roastery, кои веднаш се заинтересирале и почнале со релизација.

Со користење на големи јазични модели, за кои велат дека се слични на ChatGpt и Copilot, Елев и компанијата Kaffa побарале од вештачката интелигенција да им направи кафе во кое доминира сортата „фазенда пинхал“, после што вештачката интелигенција направила мешавина со четири врсти зрна, за кои проценила дека најмногу би одговарале на вкусот на љубителите на кафе во Финска. Во Финска се коннсумира најмногу кафе по жител во светот – 12 кг годишно.

- Advertisement -

AI кафето содржи сорти зрна од четири држави, односно од Бразил сортата „фазенда пинхал“ 40%, од Етиопија сортата „герука“ 10%, сортата „сан лоренцо“ од Колумбеија 25% и сортата „ла болса“ од Гватемала 25%.

Пред да биде пуштено во продажба компанијата Kaffa направила тестирање меѓу експерти и сои клиенти, кои се сложиле дека AI-conic е најдоброто кафе кое некогаш го пробале.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -