Руските скајдајвери Михаил Корнијенко, Александар Линик и Денис Јефремов направија историски скок од висина од 10.500 метри над Северниот пол откако скокнаа од авион Iljušin-76.
Комерцијалниот скајдајвинг е ограничен на висина до околу 4.000 метри, но русите скокнаа од повеќе од дупло поголема висина. Тие скокнаа од авион Iljušin-76 на висина на која обично летаат комерцијалните авиони, односно на местото каде што е границата меѓу тропосферата и стратосферата.
Стратосферата е вториот слој од нашатаатмосфера, кој се наоѓа на висина од 10.000 до 50.000 метри. Шпионските авиони летаат на овие висини, но инеженрите сакаат да развијат и комерцијални стратосферски авиони. Над 15.000 метри висина времето е постабилно и станува потопло во горниот дел од стратосферата, тача што овој слој од атмосферата се однесува поинаку во однос на тропосферата. Меѓутоа, на поголемите висини е поладно. На таа граница температурата изнесува околу -50 степени, апри слободен пад со брзина од 300 км/ч изгледа како да е -70.
Тројцата Руси носеле специјални корстими со функција на греење за успешно да ја завршат мисијата. Тие се подготвувале во топлотни комори под притисок, а тест-скокот го направиле од 6.000 метри. Тие размислувале да носат вселенски костими, но наместо нив, избрале флексибилна загреана облека и маска за кислород. Пред скокот вдишиле чист кислород за да ја исчистат својата крв од азот и да немаат проблеми во текот на слободниот пад затоа што слободниот пад на таа висина можр да предизвика декомпресиска болест,а азотото може да предизвика меурчиња во ткивата.
Слетале во близина на руската поларна база Барнео, каде што го реализирале вториот дел од мисијата. Тие го тестирале новиот систем за комуникација така што го напјувале серверот со генератор на дизел и оствариле сателитска врска користејќи опрема која претходно ја испуштиле на помала висина. Комуникацискиот систем кој го тестирале бил дизајниран за Арктикот, кој уште е во експериментална фаза.
(Klix.ba)
(фото: Good Fon)