Google објави дека планира да постави оптички кабел за поврзување на Африка и Австралија. Станува збор за проектот наречен Umoja, според кој едниот крај на кабелот ќе биде во Кенија, а потоа ќе преминува преуку Уганда, Руанда, Демократска Република Конго, Замбија, Зимбабве и Јужна Африка, а другиот крај ќе го премине Индискиот Океан до Австралија. Секоја од споменатите земји ќе има свои пристапни точки.
Проектот има за цел да ја зголеми дигиталната поврзаност, да го забрза економскиот развој на регионот и да ја зголеми отпорноста на Африка. Покрај кабелот, Google сака да соработува со владата на Кенија за зајакнување на сајбер безбедноста, иновациите предводени од податоци, дигиталните вештини и одговорното и безбедно воведување на вештачка интелигенција.
Така, Umoja ќе се приклучи на Equiano, приватниот подморски кабел на Google што се протега од Португалија до Јужна Африка, поминувајќи низ неколку земји.
Од Google тврдат дека новата рута е клучна за зајакнување на отпорноста на мрежата во регионот, кој има историја на големи прекини со тешки последици. Со други зборови, поголемата редунданстност на мрежата ќе резултира со помалку катастрофални прекини за широкопојасната инфраструктура на областа.
(Klix.ba)
(фото: Raw Pixel)