Nvidia стана највредна компанија во светот

- Advertisement -

Nvidia одамна престана да биде само компанија која ги произведува најдобрите графички картички во светот. Нејзиниот бизнис се прошири на работни станици, сервери, производи и системи за вештачка интелигенција, софтверски решенија и многу други работи, а во многу од тие области компанијата е најдобра или блиску до врвот.

Затоа, воопшто не сме изненадени што неодамна ги надмина Apple и Microsoft по вредноста на акциите и сега има вредност поголема од неверојатни 3,3 трилиони долари, а експертите предвидуваат дека ќе продолжи да расте.

- Advertisement -

Зад Nvidia, Microsoft и Apple по вредност се Alphabet (Google) и Amazon, кои би можеле долго да бидат позади неа. Посебно интересен податок е што Nvidia ја постигна оваа вредност за многу краток период, благодарение на неверојатниот раст од 3.337% отсто во последните 8 години, додека само во последните 12 месеци нејзините акции пораснаа за цели 209%.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Trusted Reviews)

Сподели!
- Advertisement -