На крајот на јуни годинава, хрватските домаќинства имале заеми во вкупна вредност од 22,98 милијарди евра што е за 2,26 милијарди или дури 11 отсто повеќе од јуни 2023 година, покажуваат податоците на Хрватската народна банка (CNB).
Од вкупната вредност на кредитите доделени на домаќинствата, најголем износ се станбените кредити – 11,34 милијарди, потоа ненаменските готовински кредити, 8,67 милијарди евра. Како што посочува ЦНБ, во текот на вториот квартал од 2024 година, кредитите на домаќинствата се зголемени за 0,7 милијарди евра или 3,1 отсто, а во однос на крајот на вториот квартал од 2023 година се зголемени за 2,3 милијарди евра или 11,1 отсто.
Истовремено, во текот на вториот квартал од 2024 година, станбените кредити се зголемени за 0,3 милијарди или 2,3 отсто, а готовинските ненаменски за 0,4 милијарди или 4,6 отсто, додека сите останати кредити на домаќинствата се зголемени за 0,1 милијарди или 1,9 отсто.
Централната банка наведува и дека на годишна основа, растот на кредитите на населението е забрзан од 10,9 отсто на крајот на март 2024 година на 11,1 отсто на крајот на јуни, што е предизвикано од зголемувањето на годишната стапка на раст на не наменските готовински кредити од 12,9 на 14,7 отсто, што е и највисока забележана годишна стапка на раст забележана од декември 2011 година, а останатите кредити од 5,5 на 5,7 отсто, додека годишната стапка на раст на станбените кредити забави од 10,8 на 9,8 отсто.
Кредитите на компаниите на крајот на јуни 2024 година изнесуваат 15,05 милијарди евра, што е највисоко од февруари 2012 година. Во однос на јуни 2023 година, нивната количина е зголемена за 667 милиони екри или за 4,6 отсто.
Извор: Пословни дневник
Фото – Piqsels