SpaceX ќе испише историја – ќе испрати екипаж да ги истражува половите на Земјата

- Advertisement -

Компанијата SpaceX ја најави првата мисија со екипаж, која има за цел да ги истражува досега неистражените територии на нашата планета – нејзините поларни региони.

Иако минатите мисии со екипаж орбитираа околу Земјата на средни ширини, мисијата Fram2 ќе направи пробив и ќе лета директно над Северниот и на Јужниот Пол.

- Advertisement -

Екипажот ќе се состои од четири члена и ќе патува со вселенското летало Dragon.

„Ракетата Falcon 9 ќе биде лансирана како дел од шестата комерцијална астронаутска мисија на вселенското летало Dragon“, соопшти SpaceX.

- Advertisement -

Името Fram2 му оддава почит на норвешкиот брод кој влезе во историјата достигнувајќи до Арктикот и Антарктикот меѓу 1893 и 1912 година. Првиот екипаж ќе се качи на својата мисија оваа година, а ќе биде сместен во вселенското летало на SpaceX, Crew Dragon поставено на ракета Falcon 9. Лансирањето ќе се изврши од вселенскиот центар Кенеди во Флорида.

Мисијата ќе трае три до пет дена, а астронаутите ќе ја користат проѕирната купола на вселенското летало Dragon за да ги набљудуваат поларните региони од височина од 425 до 450 километри.

- Advertisement -

Екипажот на мисијата Fram2 се состои од Чун Ванг, Јаник Микелсен, Ерик Филипс и Рабеа Рог. Командант на мисијата ќе биде Ванг, бизнисмен од Малта кој се занимава со биткоин, а ова ќе биде прво патување во вселената за сите членови на екипажот.

Досега ниту еден човек не ја набљудувал Земјата од поларната орбита, која се наоѓа директно над Северниот и Јужниот Пол. За разлика од вселенските летала со екипаж, сателитите дизајнирани за шпионажа, следење на времето и комерцијална фотографија ги претпочитаат овие орбити бидејќи обезбедуваат глобална покриеност.

За време на мисијата екипажот ќе направи фантастични фотографии од поларната светлина, а ова е и можност да се спроведат важни истражувања за човечкото тело во вселената, вклучувајќи го и првиот рендген на човек во орбитата. Ова знаење ќе биде клучно за идните долготрајни вселенски мисии. Исто така, мисијата ќе се фокусира на разбирање на импликациите во однесувањето на вселенските летови.

SpaceX, исто така, планира да ја лансира мисијата Polaris Dawn, која е закажана за 26 август. Во оваа мисија целта е да се изврши првата комерцијална вселенска прошетка на надморска височина од околу 700 километри. Програмата Polaris ја финансира милијардерот Џаред Исакман, кој е и командант. Програмата Polaris е серија од три приватни вселенски мисии, а Polaris Dawn е првата од нив.

SpaceX претходно лансираше пет приватни мисии.

(Klix.ba)

Сподели!
- Advertisement -