Фолксваген има максимум две години да го реорганизира својот водечки бренд

- Advertisement -

Фолксваген има „една, можеби две“ години да го реорганизира својот водечки бренд на автомобили VW, рече шефот за финансии на германскиот производител на автомобили, додека тој се обидува да добие поддршка од работниците за острите кратења што може да вклучуваат затворање фабрики во матичната земја.

На почетокот на неделата, менаџментот на VW објави дека повеќе не ја исклучува можноста за затворање на погони и отпуштање работници во родната Германија како дел од намалувањето на трошоците на клучниот бренд на VW. Тие додадоа и дека планираат да го откажат долгогодишниот договор со претставниците на работниците во Германија, кој исклучува отпуштања до крајот на 2029 година, а е на сила од 1994 година.

- Advertisement -

Менаџерите веруваат дека брендот Фолксваген треба темелно да се реструктуира и дека сегашните напори за намалување на бројот на работници преку програми за предвремено пензионирање и отпремнина нема да бидат доволни, рече раководството, без да прецизира колку работни места во Германија би можеле да бидат укинати, ниту кои фабрики може да се затворат.

Работничкиот совет објави дека водечките функционери укажале дека најмалку една фабрика за возила и една фабрика за компоненти се непотребни. Од своето основање, компанијата нема затворено ниту една фабрика во Германија, а во светот само во 1988 година ја затворија фабриката во американскиот Вестморленд.

Покрај главната фабрика во Волфсбург, VW има фабрики во Хановер, Емден, Оснабрук, Брауншвајг, Салцгитер, Касел, Цвикау, Дрезден и Хемниц.
Пречекан со свирежи од работниците кои извикуваа „Auf Wiedersehen“, финансискиот директор Арно Антлиц ја повика преполната сала за заедничка одговорност меѓу вработените и раководството да ги намалат трошоците и да се погрижат марката VW да ја преживее транзицијата кон производство на електрични автомобили.

- Advertisement -

Во салата се собраа околу 16.000 работници, а 5.000 од нив преку екран го следеа говорот на Антлиц. VW вработува вкупно 120.000 работници во Германија. Главниот финансиски директор на VW рече дека европскиот пазар на автомобили се намалил по пандемијата и дека компанијата не може да смета на купувачи за околу 500.000 автомобили, приближно еднакво на производството на две фабрики.

„Пазарот едноставно го нема“, рече Антлиц на состанокот во седиштето на Фолксваген во Волфсбург. Тој додаде дека не очекува дека продажбата ќе закрепне и дека клучниот бренд VW има „една, можеби две“ години да ги намали трошоците и да го прилагоди производството.

Шефот на работничкиот совет, Даниела Кавало, возврати дека администрацијата „сериозно ја нарушила довербата“, споредувајќи ја заканата од затворање на фабриките со „прогласување банкрот“.

- Advertisement -

Извор – Пословнои Дневник
Фото –

Сподели!
- Advertisement -