Mакедонската стартап компанија Jolzt доби инвестиција од 25,000 долари преку Стартап Клуб Скопје

- Advertisement -

Неодамна беше направена третата инвестиција преку инкубаторскта програма ИмамИдеја во македонската стартап компанија Jolzt од домашен инвеститор. Во ноември месец 2023 година македонскиот централен хаб за иновации и претприемништво Стартап Клуб Скопје ја лансираше првата инкубаторска програма ИмамИдеја која има за цел да даде менторска, правна и финансиска поддршка во развојот на избрани бизнис идеи од македонски претпримачи. Инкубаторска прогограма вклучува три фази на реализација: селекација на бизнис идеи, развој на избраните бизнис идеи и демо ден – презентации пред инвеститор.

Тимот на Jolzt зема учество во рамки на првата фаза и рундата на селекција на бизнис идеи, односно дводневниот настан Хакатон ИмамИдеја, во кој првично селектираните 30 идеи добиваат насоки и менторство за развој на идејата и  презентација на истата за учество во програмата.

Jolzt e основана од Марко Страхилов и Богдан Проданоv, a подоцна во тимот се приклучува Емир Зековиќ.

- Advertisement -

Што ве мотивираше да аплицирате за инкубаторскиот повик на Startup Club Skopje?

Главната мотивација за да аплицираме на овој инкубаторски повик беше можноста да добиеме поддршка и ресурси кои ќе ни помогнат да го развиеме и унапредиме нашиот стартап како и  пристапот до искусни луѓе кои веќе биле на наше место и знаат како да изградат успешна компанија. За повикот дознавме преку социјалните мрежи и одлучивме дека нема што да изгубиме доколку аплицираме. Аплициравме и добивме информација дека сме дел од првата селекција на бизнис идеи кои ќе учествуваат на Хакатон ИмамИдеја, што само по себе беше големо достигнување, бидејќи имаше толку многу одлични идеи. Процесот на аплицирање беше добро организиран и ни е особено драго што ни беше пружена можноста да се претставиме и да добиеме насоки и совети од експерти во индустријата.

- Advertisement -

Jolzt e основана од младите и амбициозни студенти на Факултетот за Информатички Технологии и Компјутерско Инжинерство Марко Страхилов и Богдан Проданов. Марко е програмер со 4 години искуство кој  учествувал на повеќе работилници за програмирање, каде што успеал да го надгради своето знаење и вештини. Богдан е UX/UI и графички дизајнер со 3 годишно искуство во контант маркетинг и видео едитинг проекти.

Jolzt е првата P2P платформа во Македонија и на Балканот која ги поврзува луѓето кои бараат возило со оние кои сакаат да го изнајмат својот автомобил. Овој модел им овозможува на сопствениците да заработуваат од своите возила, додека на корисниците им нуди лесен начин да најдат возило кое ги задоволува нивните потреби. Нашата цел е да создадеме алтернатива за традиционалните методи на изнајмување возила. Штотуку ја лансиравме апликацијата: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.jolzt&pcampaignid=web_share и во моментов прифаќаме хостови само во Скопје, но поради големиот интерес, наскоро ќе се прошириме и во други градови. Нашата цел е да обезбедиме флексибилни и достапни решенија за изнајмување на возила на почеток прво Македонија па потоа и низ целиот свет. Заследете ги Jolzt на социјалните мрежи LinkedIn и Instagram и дознајте што е следно.

- Advertisement -

Како учеството на Хакатонот ИмамИдеја го промени текот на реализација и развој на вашата бизнис идеја?

Учеството на Хакатонот Имам Идеја имаше големо влијание врз реализацијата и развојот на нашата идеја. На овој настан го запознавме нашиот трет ко-основач, кој подоцна инвестираше во стартапот и значително ја забрза целата процедура. Дополнително, имавме можност да се запознаеме  со луѓе кои веќе водат успешни стартап компании, кои со нас споделија насоки и позитивен фидбек. Овие настани се одлични бидејќи овозможуваат запознавање со искусни професионалци кои можат значително да помогнат во развојот на една компанија.

Третиот член на тимот на Jolzt,ко-основач и инвеститор е Емир Зеќовиќ. Емир е искусен маркетер со 8 години искуство, вклучително и 5+ години како директор за маркетинг во SaaS (B2B и B2C). Тој е исто така еден од ко-основачите на 12min – глобално позната апликација во делот на микро-учење со над 6 милиони корисници и нуди консултантски услуги на глобални SaaS компании.

Емир вие бевте дел од Хакатонот ИмамИдеја како потенцијален инвеститор, зошто се одлучивте да инвестирате во Jolzt?

Пред се, ми се допадна идејата сама по себе. Но, подоцна имав неколку прилики да ги запознаам Марко и Богдан малку подобро, нивниот пристап кон работата ме увери дека се навистина момци и со визија, со желба и истрајност. Во рамки на настанот бизнис идеите се рангираа главно според два критериуми: можноста за раст (scalability) и процесот за монетизација, односно дали истиот е валидиран од некоја друга компанија. Анализирајќи ги бизнис идеите од првичната селекција  дојдов до заклучок дека Jolzt ги задоволува и двата критериуми.

Емир Зековиќ

Што би им препорачале на сите кои имаат бизнис идеја?

Најмногу би ги поттикнал идните претприемачи да стигнат што е можно подалеку во креирањето на МВПто бидејќи тоа многу говори за тоа колку се сериозни и посветени воедно тоа испраќа моќна порака до потенцијалните инвеститори. Исто така, потребно е да посветат повеќе време во истражувањето на пазарот и дефинирање на својата целна публика, да направат (niche down) – односно да се фокусираат на задоволување на потребите на една помала целна група (ICP).

Сметам дека доколку претприемачите не паднат во замката да го менуваат светот и да пробуваат да задоволат огромен пазар со мали ресурси тие би имале далеку поголеми шанси нивната бизнис идеја да просперира.

Стартап Клуб Скопје веќе го отвори  повикот за втората инкубаторска програма ИмамИдеја 2, која е планирано да се реализира во преиодот од ноемри 2024 до февруари 2025. Повикот за апликации е отворен до  31ви октомври, доколку имате ииновативна биснис идеја вашата апликација за реализација на истата може да ја поднесете преку следниот линк: https://forms.gle/mYDhPeCzARdMPGMw8, а повеќе детали за процесот на аплицирање може да пронајдете на соцлијаните мрежи на Стартап Клуб Скопје Facebook, Instagram и LinkedIn.

Сподели!
- Advertisement -