Најголемата студија досега покажа дека употребата на мобилни телефони не го зголемува ризикот од рак

- Advertisement -

Користењето на мобилни телефони не го зголемува ризикот од развој на рак, покажува најобемното истражување на оваа тема нарачано од Светската здравствена организација.

-Ги анализиравме и сумиравме сите научни докази од набљудувачките човечки студии на оваа тема од целиот свет. Можеме со голема сигурност да кажеме дека ништо не превидивме, рече коавторот Ден Баакен од германската Федерална канцеларија за заштита од радијација (БфС), еден од институтите вклучени во истражувањето.

- Advertisement -

Тие анализирале дури 5.000 студии на тема поврзаност помеѓу мобилните телефони и ракот објавени во изминатите децении. Во нивната финална анализа, тие ги вклучија сите видови на рак, но се фокусираа конкретно на оние кои влијаат на централниот нервен систем, вклучувајќи ги и туморите на мозокот.

Тие откриле дека употребата на мобилни телефони не доведува до зголемен ризик од рак, вклучувајќи тумори на мозокот, тумори на хипофизата, тумори на плунковните жлезди или леукемија. Според истражувачите, изложеноста на радиофреквенциско зрачење од базните станици или емитувачките антени, исто така, не го зголемува ризикот од развој на рак.

- Advertisement -

Анализата објавена во списанието „Енвајромент Интернешнал“ вклучуваше студии до крајот на 2022 година, што значи дека истражувањето на новата 5Г технологија за мобилни мрежи не е вклучено.

(Скопско ехо)

- Advertisement -

Фото – Freerange stock

Сподели!
- Advertisement -