Кога Сара Гилис ја изведе „Темата на Реј“, парче компонирано од Џон Вилијамс за „Војна на ѕвездите: Силата се буди“, нејзината концертна сала беше вселенска капсула која орбитира стотици километри над Земјата. И тоа е изведба што влезе во историјата како прво соло на виолина во вселената.
Гилис, виолинистка и астронаут на SpaceX, беше на приватната мисија Polaris Dawn кога го подготви својот инструмент за изведба што бeше пренесена на Земјата преку сателитот Starlink, Classic FM.crew
Додека нејзината единствена публика во живо беше нејзината екипа на Crew Dragon, нејзиното соло на виолина беше синхронизирано со музичари долу на Земјата – со Симфонискиот оркестар на Лос Анџелес и деца музичари ширум светот, вклучувајќи ги и оние од Хаити, Шведска и Венецуела.
„Додека патуваме околу нашата прекрасна планета Земја на оваа петдневна мисија, сакавме да го споделиме овој посебен музички момент со вас“, вели Гилис во видеото објавено на 13 септември.
Нејзиниот капсулен концерт, наречен Harmony of Resilience, беше соработка меѓу Детската истражувачка болница Свети Јуда и Ел Система САД за да ги инспирира младите умови и да собере пари за двете институции.
(N1)
(фото: Pxhere)