Во 2025 доаѓа се отвора Гевгелија Мол со најголемото Џамбо во Македонија

- Advertisement -

Модерните метрополи не можат да се замислат без квалитетно шопинг искуство, преточено во практична форма со ударна локација на локалците па и туристите во државата. Во Македонија град со најмногу молови е Скопје, но и останатите помали градови полека, или веќе со забрзано темпо, бележат развој во секторот, којшто придонесува и за подобрување на економскиот развој во соодветните реони, како и за продлабочена и проширена соработка во повеќе градови со бројни препознатливи светски, регионални и локални брендови од различни индустрии.

Југот во државата има огромен потенцијал за нови шопинг искуства, а воедно и потреба за развивање на една нова мол приказна. Најударната јужна точка во државата, која е пресвртница и за македонскиот народ, но и за сите туристи кои поминуваат низ државата најчесто преку граничниот премин Богородица, за влез и излез во земјава, е Гевгелија и гевгелискиот регион.

- Advertisement -

Со најава за нешто уникатно и модерно и официјално се најавува отворањето на една нова „џамбо“ приказна на југот – ГЕВГЕЛИЈА МОЛ (Gevgelija Mall), со која покрај другото ќе ги отвори вратите на најголемото Џамбо (Jumbo) во Македонија, во склоп на молот, распространето на 3.500 м2.

Од сопственичката структура најавуваат дека отворањето е проектирано да се реализира идното лето во 2025 година, а сите детали секако ќе бидат споделени со јавноста дополнително.

- Advertisement -

„Развојот на југот е неизоставен дел од економскиот раст во Македонија и секој модерен претприемач треба да е свесен за истото доколку цели кон успеси кои можат да се носат со модерното темпо на една нова бизнис приказна. Визијата за креирање нешто уникатно, големо и модерно и вон главниот град беше една од главните причини за создавањето на новата мол приказна во гевгелискиот регион насловена како Гевгелија Мол. Нестрпливи сме за помалку од една година и на македонската јавност, како и на сите туристи во државата да го претставиме Гевгелија Мол, којшто ќе биде распространет на четири нивоа во склоп на 10.000 м2, во склоп на којшто ќе биде вклопен и фришоп од околу 1.000 м2. Оваа нова мол приказна само што започнува, а ветува многу и за посетителите како и за сите идни закупци во склоп на Гевгелија Мол,“ изјави Марјан Николовски, сопственик на Монополист Инвест од Гевгелија, која како компанија воедно е единствен самостоен инвеститор на овој проект.

Насмевките дефинитивно ќе бидат неизбежни следното лето во Гевгелија Мол којшто ќе биде лоциран во близина на Скај Хотел во Гевгелија во непосредна близина на граничниот премин Богородица на самиот автопат.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -