По 46 години, Кина го заврши проектот за пошумување на својата најголема пустина, дел од напорите да се запре опустинувањето и да се спречат пустинските бури, објавија во петокот државните медиуми. Зелениот појас Такламакан, долг 3.000 километри, беше завршен во петокот во регионот Ксинџијанг, откако работниците засадија дрвја на последните стотина метри од северниот раб на пустината, објави People’s Daily.
Проектот познат како Голем зелен ѕид започна во 1978 година и досега има позеленето повеќе од 30 милиони хектари. Засадувањето дрвја во сушниот северозапад доведе до фактот дека до крајот на минатата година, 25 отсто од територијата на Кина беше под шуми, во споредба со десет отсто во 1949 година, пишува весникот.
И покрај тоа, 26,8% отсто од територијата се смета за пустина, во споредба со нешто помалку од 27,2% отсто пред десет години, покажуваат податоците на Управата за шумарство.
(Zimo)
(фото: YouTube)