Трамп сака да го забрани ковањето монети затоа што е прескапо

- Advertisement -


Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа побара од Министерството за финансии да го запре производството на ковани центи, сметајќи дека е прескапо и со цел да се намали јавната потрошувачка.

„САД премногу долго коваа монети и тоа е џабе. Побарав од министерот за финансии да престане да произведува нови центи“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

- Advertisement -

Милијардерот Илон Маск, кој ја предводи Комисијата за владина ефикасност (DOGE), го покрена ова прашање во јануари, наведувајќи ги трошоците за производство на центи.

Дебатата за ова не е нова во САД, бидејќи неколку нацрт-закони веќе се претставени во Конгресот, но не се усвоени. Доколку Трамп го потпише указот, американскиот Конгрес најверојатно ќе треба да го одобри.

- Advertisement -

Трамп го направи намалувањето на владините трошоци како приоритет за неговата администрација, а ова прашање им го довери на Маск и тимот на комисијата.

Канада престана да произведува центи уште во 2012 година поради високите трошоци за производство.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -