НОВО: Кредити од Комерцијална банка со намалени каматни стапки

- Advertisement -

Комерцијална банка ги намали каматните стапки на новоодобрени потрошувачки, станбени и хипотекарни кредити, со што им овозможи на клиентите атрактивни услови за реализација на нивните планови.

Пониските каматни стапки и дополнителните промотивни услови кај Станбениот кредит се дел од нашата посветеност на обезбедување финансиски решенија кои најдобро се вклопуваат со желбите и потребите на нашите клиенти.

- Advertisement -

Тие може да изберат Потрошувачки кредит до 2.000.000 денари, Онлајн потрошувачки кредит, Станбен кредит или Хипотекарен кредит и да уживаат во бројни погодности, а пред сѐ во пониски месечни рати. По нивна желба може да изберат и период со атрактивна фиксна каматна стапка.

А, доколку се одлучат за Станбен кредит, во промотивниот период до 30 април ќе го добијат без трошоци за одобрување и процена на имот.  

- Advertisement -

Со ова клиентите добиваат:

  • Пониски каматни стапки за уште поповолни месечни рати
  • Долг рок на отплата прилагоден на можностите на клиентот
  • Можност за осигурување на кредитот за финансиска безгрижност
  • Едноставна постапка за аплицирање

Без разлика дали планираат патување, семејна прослава, уредување на домот, нов стан или автомобил, а можеби и факултет за матурантот Комерцијална банка им овозможува поволни услови за остварување на овие убави планови.

- Advertisement -

Сите соништа и планови се вредни за да се остварат затоа што носат насмевка, возбуда и бесценети спомени!

Сподели!
- Advertisement -