Викенов почнува летното сметање на времето

- Advertisement -

Летното сметање на времето секоја година почнува во последниот викенд од март, а трае до последниот викенд од октомври, кога часовникот повторно се поместува еден час наназад.

Летното сметање на времето во 2025 година почнува на 30 март во 02:00 часот, со што часовниците ќе се поместат еден час нанапред односно на 03:00 часот.

- Advertisement -

Ова значи дека недела, 30 март, деноноќието наместо 24, ќе има 23 часа. Целта на оваа постапка е да се искористи дневната светлина и на тој начин да се заштеди потрошувачката на енергија.

Во последните години многу земји сакаа да го укинат летното сметање на времето, па поттикнати од тоа, во 2016 година Европската унија покрена иницијатива за да се одреди едно време кое ќе биде унифицирано за сите држави на континентот, но безуспешно.

- Advertisement -

Причината што и понатаму нема договор е што едни земји инсистираат времето да се мери според „зимското сметање“, а други преферираат преку цела година да се задржи „летното сметање“ на времето.

Фото – Pexels

Сподели!
- Advertisement -