ИНОФЕИТ ЕДИХ и Солвео ги поврзаа македонските компании кои добија нови можности за финансирање на дигитална трансформација

- Advertisement -

Во просториите на ИНОФЕИТ, вчера се одржа настанот „Пристап до финансии за успешна дигитализација“, во организација на Солвео и Европскиот Дигитален Иновациски Хаб – ИНОФЕИТ ЕДИХ. Настанот собра претставници од мали и средни претпријатија, експерти од финансискиот и технолошкиот сектор, како и претставници на релевантни институции и меѓународни организации.

Преку презентации и две панел-дискусии, учесниците имаа можност да се информираат за најновите фондови, програми и инструменти за финансирање на дигитална трансформација, како и да слушнат успешни примери и практични совети од искусни професионалци.

- Advertisement -

Настанот го отворија Иван Зографски, ко-основач на Солвео и финансиски консултант, и проф. д-р Димитар Ташковски, координатор на ЕДИХ, кои истакнаа дека пристапот до финансии е клучен чекор за забрзување на дигитализацијата кај македонските компании.

Во рамки на првата панел-дискусија, експерти од Европската Банка за Обнова и Развој, Министерството за економија и труд и Светска банка дискутираа за инструментите и можностите за финансиска поддршка на МСП (мали и средни претпријатија), како и за предизвиците и решенијата при пристапот до капитал. Втората панел-дискусија беше фокусирана на улогата на европските и меѓународни програми за развој преку конкретни примери за малите и средни претпријатија, каде учествуваа претставници од Horizon Europe, EIT Food и МКPay.

- Advertisement -

Настанот заврши со неформално вмрежување, каде учесниците имаа можност да воспостават нови контакти и да разменат искуства со колеги од индустријата.

ИНОФЕИТ ЕДИХ останува посветен на мисијата да обезбеди експертска поддршка, инфраструктура за тестирање и експериментирање, напредни обуки и можности за вмрежување за сите компании што сакаат да го забрзаат својот дигитален раст.

- Advertisement -

Овој настан е впрочем најава за јавниот повик кој ќе биде отворен од 15 мај 2025 година до 31 декември 2028 година или до искористување на предвидените средства.

Солвео продолжува да работи на развој на иновации и поддршка на бизнисите преку обуки, менторски програми и поврзување со инвеститори и фондови.

За повеќе информации за иницијативите и бесплатните услуги на ИНОФЕИТ ЕДИХ, посетете ја www.innofeit-edih.mk или www.solveo.co.

Сподели!
- Advertisement -