8.8 C
Skopje
сабота, февруари 14, 2026


Златото го премина историскиот праг од 5.000 долари

- Advertisement -

Цената на златото во светот денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари, консолидирајќи го својот статус како безбедно засолниште во услови на геополитички, трговски и монетарни неизвесности околу администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Цената на златото, поттикната од слабеењето на доларот и зголемениот ризик, расте со вртоглаво темпо во последните две години – унца (31,1 грама) чинеше повеќе од половина помалку во јануари 2024 година отколку сега; – околу 2.000 долари.

- Advertisement -

По преминувањето на прагот од 5.000 долари денес на почетокот на тргувањето на берзите во Азија златото се искачи на рекордни 5.111,07 долари, а цената тогаш беше 5.080 долари за унца.

Растот на цените на златото се забрза откако Трамп повторно се закани со царини во текот на викендот.

- Advertisement -

Честите пресврти во политиката на Трамп, исто така, создаваат неизвесност во Соединетите Американски Држави, привлекувајќи ги инвеститорите кон златото, наместо кон вообичаените безбедни засолништа на доларот и американските државни обврзници.

Затоа, златото би можело да стане „најголема анти-Трамп инвестиција“, вели аналитичарката Кетлин Буркс.

- Advertisement -

По растот на златото во последните месеци следеа и други скапоцени метали, вклучувајќи го и среброто, чија вредност се зголеми повеќе од двојно од октомври 2025 година. Среброто надмина 100 долари за унца за прв пат во петокот и денес достигна рекордно високо ниво од 110,89 долари.

Аналитичарот Дејвид Морисон објасни дека порастот на цените на среброто е поттикнат од гласините за недостиг, силната побарувачка за сребро во соларната и електронската индустрија и општата побарувачка од инвеститорите.

(Bizlife)

Сподели!
- Advertisement -