Џеф Безос продава 15 милиони акции на Амазон

- Advertisement -

Основачот на Амазон, Џеф Безос, поднесе извештај до регулаторите за планираната продажба на околу 15 милиони акции на компанијата, која има пазарна вредност од приближно 4,1 милијарди долари.

Веста доаѓа само еден ден откако акциите на Амазон достигнаа рекордно високо ниво, благодарение на подобрите од очекуваните квартални резултати што ја зголемија пазарната вредност на компанијата на повеќе од 3 трилиони долари, објави CNBC. По поднесувањето, акциите на Амазон паднаа за повеќе од 2 проценти во раното тргување на Волстрит.

- Advertisement -

Според доставената документација, станува збор за акции што Безос ги стекнал уште во 1994 година, кога го основал Амазон, а зделката била извршена преку инвестициската банка Морган Стенли.

Амазон минатата недела објави квартални резултати што ги надминаа очекувањата на аналитичарите, благодарение првенствено на силниот раст во неговиот бизнис за cloud computing и растечката побарувачка за услуги базирани на вештачка интелигенција.

- Advertisement -

Акциите на компанијата со седиште во Сиетл се зголемија за околу 23 проценти од почетокот на годината. Безос редовно продавал помали блокови акции преку однапред дефинирани планови во последниве години, додека останува еден од најголемите индивидуални акционери на Амазон. Во поднесокот, исто така, се наведува дека тој донирал повеќе од 220.000 акции на Амазон на добротворни организации во мај.

(Б92)
Фото – Flickr

- Advertisement -