ВИДЕО: Чевли кои „растат“ заедно со децата

- Advertisement -

Некогаш наједноставната иновација може да промени милиони животи. Токму тоа е целта на The Shoe That Grows, сандали кои ги направи иноваторот Кентон Ли. Сандалите се прилагодуваат на големината на стапалото и им овозможуваат на децата од сиромашните земји да пораснат без да мора да одат боси. Чевлите ги има во мала и голема величина и може да „растат“ до 5 броја и да траат најмалку 5 години.

- Advertisement -

„Во светот има повеќе од 300 милиони деца кои немаат чевли. Многу други деца носат чевли кои не им се точни. Децата кои одат боси се подложни на повреди и паразити кои навлегуваат во човечкото тело преку стапалата. Проблемот со обичните донации на чевли е тоа што многу брзо децата ги надраснуваат и токму тој проблем го решаваат овие сандали“ велат од  The Shoe That Grows.

- Advertisement -

Секој може да си купи пар сандали за себе, но целта на сајтот е да се купат повеќе пара и да се донираат во земји каде што се најмногу потребни.. пишува Bored Panda.

„Процесот на дизајнирање беше многу интересен. Јас не сум дизајнер и немам поим од изработка на чевли. Јас сум само обичен човек со идеја. Ја најдовме компанијата за правење чевли Proof of Concept од Портланд, Орегон. Тие се совршен партнер за дизајнирање на нашите чевли Веруваме во трајноста на нашите чвели затоа што ги дизајниравме најпрвин да бидат функционални, а не модерни. Всушност, воопшто не ни беше битен изгледот. Сакавме само да траат подолго. Не штедевме на материјалите. Ѓонот е направен од гума слична на автомобилските гуми, а остатокот е чиста кожа“ вели Ли.

- Advertisement -

Досега имаат продадено околу 184.163 пара сандали. Нивните сандали сега ги носат деца во 100 земји во светот, меѓу кои Кенија, Гана, Руанда, Никарагва, Гватемала, Перу, Колумбија, Виетнам и Лаос. Најголем број сандали се испратени во Кенија.

Сподели!
- Advertisement -