Возилата на Renault после 2020 година ќе се однесуваат како миленичиња и ќе лебдат

- Advertisement -

Победничкиот дизајн е The Float, кој со помош на магнетна левитација наместо тркала се движи како балон

Renault соработува со студенти од Универзитетот за уметности од Лондон за креирање на возилата од иднината, а резултатите се навистина луди. Со задача да се дизајнира концепт автомобил за раните 2020-ти години секое возило треба да биде електрично, да биде автономно и да има опција за конектирање.

Некои од резултатите се навистина чудни – некои од дизајнираните возила се однесуваат како миленичиња и ве поздравуваат кога ќе влезете внатре. Победничкиот дизајн е The Float, кој со помош на магнетна левитација наместо тркала се движи како балон. Направен е од провидно стакло и има сребрени седишта. Според студентот одговорен за дизајнот, Јушен  Каи, возилото е создадено за социјализација и им овозможува на патниците да комуницираат со други возила и со пешаците.

- Advertisement -

Од Renault се фокусирани на креирање автономни, конектирани електрични возила и одлично е да се види како студентите по дизајн од Лондон совршено ја инкорпорираа таа идеја. Другите два дизајни кои се на второ и трето место се Flo, составен од три различни возила: едно за транспорт на стока, друго за лична употреба и трето за споделен превоз; и Vue, кој е создаден за да воспостави емоционална врска меѓу корисниците и нивните транспортни средства, а е инспириран од односот меѓу луѓето и миленичињата. Тоа значи дека Vue ќе биде тажен кога сопствениците ќе му речат „чао“ и ќе се радува кога ќе влезат во него.

(Daily Mail)

Сподели!
- Advertisement -