Фарма на ветар голема колку Индија може да произведе доволно струја за целиот свет

- Advertisement -

Дали проблемите со енергија во светот може да се решат со само една фарма на ветар поставена во длабочините на морето? Според едно ново истражување на Карнеги институтот за наука на Универзитетот Стенфорд, Калифорнија, тоа е и тоа како можно. Научниците утврдиле дека среде океан се конструира една фарма на ветар со големина на Индија, ќе се произведе доволно струја за задоволување на потребите на сите луѓе во светот.

Според истражувањето, на годишно ниво моќта на ветрот во северниот дел од Атлантскиот Океан би била и повеќе од доволна за производство на енергија за целиот свет. Брзините на ветрот над океанот се просечно 70% поголеми отколку над копно. Со цел да се генерира сета енергија која Земјата ја троши за една година, фармата за ветар треба да има површина од 3 милиони квадратни километри.

- Advertisement -

На копно тој концепт нема да функционира затоа што кога се додаваат повеќе турбини комбинираната влчна сила на сечилата ја ограничува енергијата што може да се добие. Како резултат на тоа генерирањето струја на копно е ограничено на 1,5 вати на квадратен метар. Среде океан таа моќност би била далеку поголема – повеќе од 6 вати на квадратен метар.

Тоа е возможно затоа што над Атлантскиот Океан се испушта повеќе топлина во атмосферата. Џиновските фарми среде океан можат да ја искористат сета моќ на ветрот, додека фармите на копно се ограничени поради релјефот.

- Advertisement -

Во текот на летото енергијата која ќе се генерира од една ваква фарма среде океан би се намалила на 1/5 од годишниот просек, но сепак би се произвела доволно струја за сите земји од Европската Унија. Научниците додаваат дека ваквата фарма мора да функционира на прилично недостапно место, каде што брановите честопати достигнуваат висина од 3 метри.

(Inhabitat)

Сподели!
- Advertisement -