Бројот на летечки инсекти на Земјата се намалил за 76% – ни се заканува истребување?!

- Advertisement -

Научниците предупредуваат дека на Земјата и се заканува еколошки Армагедон затоа што бројот на инсекти во последните 25 години се намалил за 76%!

Истражувањето каде што се наведуваат овие податоци предупредва дека инсектите, како опрашувачи на билките и плен за поголемите животни, играат битна улова за животот на Земјата.

Иако и претходно беше познато дека значително е намален бројот на некои врсти како пчелите и пеперутките, научниците беа шокирани од падот на бројот на единки во природните резервати во Германија. Уште не е потврдена причината, но се смета дека меѓу најголемите виновници за тоа е уништувањето на дивите предели за да се направат обработливи земјишта и користењето пестициди. Исто така, битен фактор кој игра голема улога се и климатските промени.

- Advertisement -

„Инсектите чинат околу 2/3 од животот на Земјата, но дојде до страшен пад. Се чини дека на Земјата правиме простор кој е негостољубив кон многу облици на живот и моментално сме на добар пат кон еколошки Армагедон. Доколку инсектите исчезнат, се ќе биде уништено“ вели Дејв Гоулсон, професор по природни науки на Универзитетот Сасекс и коавтор на студијата.

Истражувачите ги земаат предвид и временските прилики и промени во релјефот на природните резервати како можна причина за исчезнувањето на инсектите. Резултатите се засновани на работатат на десетици ентомолози аматери во Германија, кои инсектите ги фаќаа во специјалзирани замки. Кога ќе се спореди тежината на фатените примероци со примероци од 1989 година, установена е просечна загуба од 76%.

- Advertisement -

(Klix.ba)

Сподели!
- Advertisement -