-2.2 C
Skopje
четврток, јануари 27, 2022

Пет стратегии за бреинсторминг на состаноци

Kabtel desktop

Бреинстормингот на состаноци изгледа како добра идеја, барем на хартија. Но, што вообичаено се случува: компанијата има проблем кој никој не може да го реши, па некој одлучува дека повеќе глави подобро размислуваат од една. Одеднаш сите се во конференциска сала, а само еден или двајца кажуваат лоши идеи, додека другите зјапаат надвор или во празно. Не се доаѓа до решение и повеќемина се иритираат зашто изгубиле драгоцено време.

Ви звучи познато? Зошто се случува тоа?  Можеби мислите дека проблем е колективниот бреинсторминг затоа што не може некого да форсираш да има идеи. Истржувањата покажуваат дека некои од најдобрите идеи доаѓаат одненадеж и кога сме сами. Сепак, колективниот бреинсторминг дава нови димензии како ревизија на идеи. Според тоа, колективниот бреинсторминг не е губење време, само треба да се имплементира поефективно.

Без оглед на модерното име, бреинстормингот е состанок, а состаноците страдаат поради недостиг од продуктивност кај некои вработени. Еден од најдобрите начини да се има добар брејнсторминг е да се одржуваат подобри состаноци, а другиот да се потпирате повеќе на индивидуални идеи. Еве неколку стратегии кои ги предлага сајтот Inc.com кои ќе ви помогнат.

1. Изберете ги само нопходните учесници. Најрпвин треба да се изберат вистинските луѓе за состанокот. Доколку учествуваат случајно избрани луѓе кои немаат врска со дискусијата, нема да бидат заинтересирани и нема да сакаат да учествуваат. Повеќе не е секогаш подобро кога станува збор за улесниците во бреинсторминг. Елиминирајте ги сите кои не би биле заинтересирани за дискусијата и размислете кој колку учествувал на претходни состанови. Ви требаат креативни луѓе кои немаат проблем јавно да предлагаат идеи.

2. Дефинирајте ги целите претходно и оставете им време на луѓето. Добрите идеи не доаѓаат спонтано кога сте под притисок. Треба да се остави време. На вработените треба да им дадете детален опис за проблемот и состанокот закажете го барем неколку дена однапред, а секој што ќе учествува задолжете го да претстави неколку идеи. Така ќе заштедите на време и би требало да добиете подобри идеи како основа за дискусијата.

3. Одржувајте кратки бреинсторминг сесии. Општо правило е дека пократките состаноци се поефективни. Модерна традиција е состаноците да траат по еден час благодарение на сите алатки и апликации за менаџирање со време. Сепак, една пократка сесија ќе придонесе луѓето набрзина да бараат решенија и нема да ризикувате да изгубат енергија или мотивација. За сложени проблеми доволен е половина час, додека 15 минути се доволни за поедноставни.

4. Учеството во бреинстормингот направете го задолжително. Луѓето што ќе учествуваат ги бирате поради некоја причина – барате креативци кои имаат капацитет за генерирање идеи и активна дискусија. Нема изговор да не се учествува на состанокот. Можете и да се движите од човек до човек или да воведете правила за комуникација еден со друг.

5. Охрабрете ги луѓето да ги кажуваат и „лошите“ идеи. Честопати „добрите“ идеи се резултат на креирање многу идеи. Нема еден човек, едно место или метод за продуцирање подобри идеи. Доколку се даваат повеќе идеи ќе има и повеќе „добри“ идеи. Секако дека мора да се знае кои се навистина добри, а кои лоши идеи. Сепак, побaрајте идеи од сите вработени кои се поканети на состанок и на крајот ќе имате подобри идеи.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!