28 C
Skopje
понеделник, август 10, 2020

На Светското првенство во фудбал во Русија ќе се игра со технолошки најнапредната топка

UAKS desktop

Фудбалерите кои ќе учествуваат на Светското првенство во фудбал во Русија идната година ќе можат да играат со технолошки најнапредната топка во светот. Како што соопштуваат од Adidas, топката ќе биде опремена со NFC микрочип, кој на корисниците ќе им овозможи на поинаков начин да ги доживеат настаните на теренот. И тоа благодарение на нивните паметни телефони.

Чипот во секоја топка создава единствен идентификатор, кој отклучува ексклузивни содржини и информации за секоја од топките, но на корисниците им овозможува и да постават одредени предизвици пред самото Светско првенство.

По прв пат има NFC чип во топката кој може да комуницира со клиентите така што ако со паметен телефон ја допрете топката, отклучувате ново корисничко искуство, што е единствено во однос на претходните топки. Топката во текот на тестирањето можеа да ја испробаат играчите на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и други клубови.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •