37.8 C
Skopje
вторник, јули 27, 2021

Боја која се става како фолија над мебелот го штити од гребнатини и дамки

Kabtel desktop

Јапонски научник разви боја без мирис која може да се излупи од површината за моментално да се отстранат секакви гребнатини или дамки. Бојата се вика Belay, а е направен во Washin Chemical Industry, јапонска компанија специјализирана за бои базирани на вода. 

Dezeen пишува дека бојата се нанесува едноставно со четка и дава сјај како површината да е лакирана. Слично на пластичните премази кои моментално ги има на пазарот, дизајнирана е да ги штити површините од гребнатини и дамки. Но, за разлика од пластиката, бојата навлегува во сите вдлабнатини и неправилности на површината, а може да се стави на метал, дрво, пластика, плочки и камен.

„Бојата може да ги заштити површините на битни предмети и области во комерцијални простори како ресторани или хотели. Бидејќи лесно се лупи, доколку не сакате да ги гледате гребнатините и дамките, едноставно отстранете ја. На овој начин се намалува и грижата за одржување на меделот“ велат од брендот.

Бојата доаѓа во 10 различни тонови со сјаен или мат финиш. Доаѓа во шишенца од по 30 милилитри, а може да се користи и на стакло за да се црта. Брендот Belay беше лансиран неделава во Токио на саемот IFFT Interior Lifestyle Living. Еден килограм боја чини околу 130 долари.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •