Второ издание на „Винодонија” – Салон кој ја промовира Македонија како вински регион

- Advertisement -

 

Преку 350 етикети на вино од 40македонски и странски винарии, ќе може да се дегустираат на вториот Скопски вински салон – „Винодонија 2017″ што ќе се одржи на 1-ви и 2-ри декември во хотелот „Мериот”.

- Advertisement -

Настанот е организиран од група вински консултанти, судии и ентузијасти под покровителство на Здружението на сомелиери на Република Македонија, а покрај дегустации на вино, предвидува и дегустација на најразлични домашни и увозни сирења и сувомесни производи, како и десет едукативни работилници: за македонската автохтона сорта станушина и за темјаниката, за вината од Хрватска, за разликите меѓу македонските и црногорските вина, за винскиот пат во Бугарија…
„Скопски вински салон – Винодонија 2017 е клучниот момент за препознавање на Македонија како вински регион” истакна Звонко Херцег, вински екперт и дел од одрганизаторите на скопскиот вински салон, на денешната прес конференција.

Херцег нагласи дека„Винодинија” претставува своевиден годишен пресек на новите трендови во вината и нивното производство, со што љубителите на виното ќе добијат можност и понатмау даја шират винската приказна која ќе ја искусат на салонот.

- Advertisement -

Александар Вучковски, претседател на Здружението на сомелиери на Република Македониа,истакна дека главната цел на салонот е ширење на винската култура во земјата и регионот.

„Славење и развој на винската култура преку носење на различни винарии, винската публика ќе може да се запознае со винските приказни кои ги носат големи, средни и мали, семејни винарии“, рече Вучковски.

- Advertisement -

Ивана Симјановска, вински писател и интернационален вински судија, најави дека програмата на салонот нуди можност да се искуси она што се случува со винската кутлура не само во Македонија туку и во светот.

„Виноднија 2017 е одлична шанса винските љубители да си одговорат на сите прашања што ги имаат во однос на виното”, рече Симјановска.

Таа најави дека како дел од програмата на дводневниот салон е предвидена богата содржина, односноработилници, дегустации и спарувања на вино и храна.

Организаторите најавија професионална дегустација со чашите на Ридел, вертикални дегустации со три македонски винарии, спарување на различнихрватски специјалитети со македонско вино, споредба намакедонски и црногорски вина од сортата вранец, дополнително присутните ќе може да се запознаат и со винската карта на Бугарија и хрватските пенливи вина од дното на Јадранот, како и хрватски вина произведени на традиционален начин во амфора.Сите вински работилници ќе бидат водени од вински експерти од Македонија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска и Италија.

Првиот ден салонот ги отвора вратите за посетителите од 16 до 20 часот, а во сабота од 13 до 20 часот.

Сподели!
- Advertisement -